Новата 2025 година пристигна во Нов Зеланд, а во Окленд беше пречекана со огномет со кој им беше одадена почит на домородните племиња, јавува Би-Би-Си.
Новата година во соседна Австралија ќе пристигне за нешто повеќе од 1 час, а во пристаништето во Сиднеј ќе биде пречекана со традиционален огномет на кој ќе присуствуваат околу милион луѓе.
На дочекот ќе настапи британскиот пејач Роби Вилијамс.