Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала е почувствуван синоќа во близина на источниот брег на рускиот полуостров Камчатка, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот бил на длабочина од 51 километар, додаваат од сеизмолошкиот центар.
Американскиот национален центар за предупредување од цунами соопшти дека постои опасност од цунами од земјотресот.
Според руските медиуми, жителите на областа ги напуштиле своите домови поради потресите. Како последица на земјотресот, во многу домови паднал мебел и се скршиле садови.
🟣 #Entérate ✍️⚡️#Terremoto sacude a #Rusia 🇷🇺 Sismo de magnitud 7.2 se produce cerca de la península de #Kamchatka ⚠️ se retiró la alerta de tsunami 🌊
El foco del sismo se encuentra a 108 kilómetros de Petropávlovsk-Kamchatski, con una población de 163,000 personas, y tiene… pic.twitter.com/h9Y573jv7i
— CP Janny Barrera (@CPJannyBarrera) August 17, 2024