Свет на воена парада

ВИДЕО: Северна Кореја претстави нова интерконтинентална ракета, најмоќниот нуклеарен стратешки оружен систем

Парадата на плоштадот „Ким Ил Сунг“, именуван по дедото на Ким, се одржа по повод 80-годишнината од основањето на Работничката партија на Кореја.

ВИДЕО: Северна Кореја претстави нова интерконтинентална ракета, најмоќниот нуклеарен стратешки оружен систем

Северна Кореја синоќа ја претстави својата нова интерконтинентална балистичка ракета на голема воена парада – прва по две години.

Според државната новинска агенција КЦНА, ракетата, презентирана пред меѓународни гости, е „најмоќниот нуклеарен стратешки оружен систем“.

Лидерот Ким Џонг-ун во говорот ја повика армијата да се изгради во „непобедлива сила“ која ќе може да ги „уништи сите закани“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Парадата на плоштадот „Ким Ил Сунг“, именуван по дедото на Ким, се одржа по повод 80-годишнината од основањето на Работничката партија на Кореја.

Меѓу присутните беа кинескиот премиер Ли Чијанг, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам, То Лам.

Фотографии од парадата покажаа како новата ракета „Хвасонг-20“ минува пред илјадници гледачи со севернокорејски знамиња. Се проценува дека нејзиниот дострел е доволен за да погоди цели на територијата на САД.

Според КЦНА, севернокорејската армија прикажала и други системи, меѓу кои и хиперсонични ракети.

Во говорот, Ким се повика на „херојскиот борбен дух“ и „победата“ што вооружените сили ја постигнале „на странски боишта за меѓународна правда и вистински мир“.

To top