Хотелот „Дубровник“ утрово се урна во аргентинскиот град Вила Гесел и итните служби трагаат по исчезнатите под урнатините. Медиумите јавуваат дека се работи за десеткатница.
Наводно при уривањето на хотелот се урнала и соседната зграда. Според градоначалникот Густаво Барерас, меѓу седум и девет лица се водат како исчезнати, пренесе Ла Насион.
imagenes del colapso de la estructura del hotel Dubrovnik de Villa Gesell. buscan personas atrapadas entre los escombros. pic.twitter.com/QRDJQOEuXX
— Jorge Penín (@JorgePenin) October 29, 2024
Несреќата се случила во хотелот „Дубровник“, кој е стар 38 години.
-Зградата се урна околу 00:30 часот, а дел од урнатините удрја и во блиската станбена зграда“, рече Барерас, додавајќи дека се проценува дека во хотелот имало околу шест или седум лица, додека имало уште две до три лица, додека во соседната зграда биле уште две или три лица.
Se derrumbó el 80% de un hotel en Villa Gesell. Los bomberos trabajan dentro del Hotel Dubrovnik removiendo escombros, mientras buscan rescatar al menos a nueve personas que están atrapadas
Tanto el intendente Kirchnerista como Kicillof SON RESPONSABLES
pic.twitter.com/sxLKMP4oq5— Mordecai🇦🇷 (@ModecaiARG) October 29, 2024
На местото на несреќата се распоредени околу стотина пожарникари од околните градови.
Министерот за безбедност Хавиер Алонсо потврди дека на местото на несреќата има 180 лица кои реагираат на итни случаи.
-Сите работиме на пронаоѓање на исчезнатите, рече тој.
Според информациите, во моментот на уривањето четири лица, за кои се претпоставува дека се работници, успеале да побегнат. Сведоците опишаа дека чувствувале вибрации пред да се урне зградата.
Причината за уривањето се уште не е позната, а зградата и претходно имала проблеми со работните дозволи.
Градоначалникот Барерас рече дека ова е првпат да се соочи со ваква ситуација.