Пожар денеска изби во центарот на Наполи, кој го зафати театарот Санaцаро, при што неколку лица се полесно повредени, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Куполата на театарот се урна, а пламените јазици зафатија и соседни згради.
Пожарникарите брзо интервенирале, а неколку лица кои вдишале чад се однесени во болница.