Свет Феномен

ВИДЕО: Поларна светлина на ноќното небо над Украина и Русија

Поларна светлина од доста силни зелени, црвени, портокалови и виолетови бои- можеби највпечатливи последниве години.

ВИДЕО: Поларна светлина на ноќното небо над Украина и Русија

Подрачја на Украина и Русија синоќа беа осветлени од поларната светлина – од доста силни зелени, црвени, портокалови и виолетови бои – можеби највпечатливи последниве години, поради поголемата активност и емисии на честици од Сонцето. Снимки од тој феномен беа објавени на интернет и во руските медиуми.

„Аурора бореалис“ во текот на ноќта осветли делови од Сибир, Урал, југозападна Русија и Украина.

Ренесансниот астроном Галилео Галилеј го смислил називот „Аурора бореалис“ во 1619 година, именувајќи го феноменот по римската божица на зората, Аурора и хеленскиот бог на северниот ветер, Вореус. Оваа појава се случува за време на геомагнетни бури, кога нарушувањата во магнетното поле на Земјата доведуваат до познатиот светлосен спектакл. Тој обично е највидлив во областите близу магнетните Северен и Јужен Пол на Земјата, поради што и се нарекува поларна светлина.

При оваа појава, светлоста се создава кога наелектризираните честички од Сонцето продираат во атмосферата на Земјата и се судираат со молекули на гас што предизвикува фотони на светлина. Кислородот произведува зелено светло, а азотот – црвено.

Списанието „Њу сајентист“ (New Scientist) во септември објави дека се очекува поларната светлина да биде посилна оваа година отколку најмалку едно десетлетие претходно, поради зголемената Сончева активност.

Најнови вести од Свет

To top