Свет Иран

ВИДЕО: Погодено училиште во Техеран

Тој потврди дека операцијата била координирана со Соединетите Американски Држави, кои исто така се вклучиле во офанзивата.

ВИДЕО: Погодено училиште во Техеран

Експлозии одекнуваат во Техеран по израелските напади. Ирански медиуми тврдат дека е погодено училиште, Израел прогласи вонредна состојба.

Имено, во Техеран денеска повторно одекнаа експлозии, откако Израел во саботата наутро започна, како што го нарече, „превентивен напад“ врз Иран. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац соопшти дека низ целата земја е прогласена вонредна состојба.

Тој потврди дека операцијата била координирана со Соединетите Американски Држави, кои исто така се вклучиле во офанзивата.

Според наводите што се појавија во иранските медиуми, во нападите била погодена основна школа, при што загинале пет ученички. Засега нема независна потврда за овие информации.

Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со дронови и балистички ракети, пренесува Си-Ен-Ен.

Ситуацијата во регионот останува крајно тензична, а се очекуваат дополнителни информации во текот на денот.

To top