Свет Сагаинг

ВИДЕО: Огромна пукнатина по разорниот земјотрес во Мјанмар

Според военото раководство на Мјанмар, бројот на загинати се искачи на 1.644, додека бројот на повредени се искачи на 3.408. Уште 139 лица се водат како исчезнати.

ВИДЕО: Огромна пукнатина по разорниот земјотрес во Мјанмар

По силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот дел на Мјанмар, се појави огромна пукнатина во земјата во регионот Мита во регионот Мандалај, што предизвика дополнителен страв кај населението.

Епицентарот на земјотресот беше во близина на градот Сагаинг, а потреси беа почувствувани и во соседните земји како Тајланд и Кина.

Земјотресот предизвика уривање на бројни згради, мостови и патишта, што дополнително ги отежна спасувачките напори.

На социјалните мрежи се прошири видео од огромна пукнатина која се појави во Мандалеј.

Според военото раководство на Мјанмар, бројот на загинати се искачи на 1.644, додека бројот на повредени се искачи на 3.408. Уште 139 лица се водат како исчезнати.

Спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на урната станбена зграда во Мандалеј, 30 часа по разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар, јавија новинарите на агенцијата Франс прес (Франс прес). Според АФП, Фју Леј Каинг (30) била извлечена од становите на Скај Вила, по што спасувачите ја однеле на носилки кај нејзиниот сопруг Је Аунг, кој ја прегрнал, а потоа била пренесена во болница.

Најнови вести од Свет

To top