Свет снимка

ВИДЕО: Објавена снимка од камера на специјалец што го лови масовниот убиец во Прага

Чешката полиција на денешната прес-конференција објави снимка од нивните специјалци како упаднале на Филозофскиот факултет во центарот на Прага за време на масакрот, во кој студентот Давид Козак уби 14 луѓе, а потоа и себеси.

Снимката создадена од камера на униформа на специјалните сили покажува како полицајци упаднале во зградата на факултетот со пушки во рацете. На видеото се слушаат многу викања и метеж, а студентите и вработените во универзитетот им објаснуваат на полицајците каде ги слушнале истрелите. На видеото се гледа и упадот на полицијата во училниците, а на самиот крај се гледаат студенти и вработени како со кренати раце во воздухот се евакуираат од објектот.

Полицијата на прес-конференцијата соопшти дека масовниот убиец, кога бил опколен од сите страни, си пукал во главата и така си пресудил.

To top