Свет исчезнати рибари

ВИДЕО: Најмалку 12 загинати во тајфунот Буалои во Виетнам

Поради невремето евакуирани се повеќе од 28.500 луѓе.

ВИДЕО: Најмалку 12 загинати во тајфунот Буалои во Виетнам

Дванаесет лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати откако тајфунот Буалои го погоди централниот дел Виетнам. Седумнаесет рибари се водат како исчезнати откако големите бранови го превртеле нивниот брод во близина на провинцијата Куанг Три.

Поради невремето евакуирани се повеќе од 28.500 луѓе.

Тајфунот Буалои оштети станбени згради и куќи, објекти на компании, го прекина снабдувањето со електрична енергија, предизвика поплави, поплави земјоделско земјиште и предизвика големи бранови пред да ослабе, насочувајќи се кон Лаос.

Четири аеродроми, меѓу кои и меѓународниот аеродром Дананг поради невремето се затворени.

Буалои претходно ги погоди Филипини, при што загинаа 27 луѓе.

To top