Свет втора наезда годинава

ВИДЕО: Наезда комарци во Буенос Аирес, властите стравуваат од ширење на болести

Експертите предупредуваат дека се очекува роевите да траат неколку недели, бидејќи возрасните комарци имаат животен век од околу 20 дена. Во случај на дополнителни врнежи, неволјата може да се продолжи.

ВИДЕО: Наезда комарци во Буенос Аирес, властите стравуваат од ширење на болести

Само еден месец откако стивна последната „инвазија на комарци“ на Буенос Аирес, главниот град на Аргентина и неговата околина повторно се на удар на овие инсекти, пишува Буенос Аирес Тајмс.

Поради големиот број комарци, постои зголемена загриженост за ширењето на Денга треската во регионот, а локалните жители се повеќе бараат дезинсекција за да се справат со ширењето на видот aedes albifasciatus, исто така познат како „комарци од поплава“, кои се карактеристични за областа.

Доаѓањето на комарци е втора ваква наезда од почетокот на годинава. Експертите предупредуваат дека се очекува роевите да траат неколку недели, бидејќи возрасните комарци имаат животен век од околу 20 дена. Во случај на дополнителни врнежи, неволјата може да се продолжи.

Појавата на огромен број комарци беше поттикната од дождот. Обилните дождови можат да предизвикаат поплави и вирови каде што се размножуваат комарците.

Најнови вести од Свет

To top