Свет

ВИДЕО кое предизвика остри реакции: Пратеничка му ја бакна раката на Ердоган и доби 200 лири

ВИДЕО кое предизвика остри реакции: Пратеничка му ја бакна раката на Ердоган и доби 200 лири

Остри реакции во јавноста предизвика видео на кое се гледа како Седа Сарибаш, пратеничка на владејачката партија АКП во Турција му ја бакнува раката на претседателот Реџеп Таип Ердоган и од него добива 200 лири.

Ова се случило на настан за пуштање во употреба на автопат, на кој Сарибаш била со своето дете.

Видеото предизвикаа реакции кај опозицијата во Турција чии претставници тврдат дека пратениците на АКП „не функционираат независно, а со тоа му служат на режимот“.

Инаку, 41- годишната Сарибаш ја претставуваше Турција на изборот за Мис на светот во Кина во 2005 година.

Најнови вести од Свет

To top