Полицијата во Манчестер денеска објави дека најмалку две лица се убиени во нападот со автомобил и нож во близина на синагога во градот, и дека „уште тројца граѓани се сè уште во сериозна состојба“.
Во соопштението на Метрополитен полицијата се наведува дека се верува дека напаѓачот, кој бил застрелан од полицијата им подлегнал на раните, но дека ова „не може да се потврди во моментов поради безбедносни проблеми“ во врска со сомнителните предмети на неговото тело, јави Би-Би-Си.
Би-Би-Си јави и дека силна, контролирана експлозија се слушнала во близина на полицискиот кордон
Според достапните информации, на местото на настанот има единица за отстранување експлозивни направи.
Two people were killed and at least three others left in serious condition after a ramming and stabbing attack this morning at the Heaton Park Hebrew Congregation Synagogue in North Manchester, England. pic.twitter.com/C77tFIB2RK
— CMNS_Media⚔️ Dr. Physician 🏹VEDA 👣 (@1SanatanSatya) October 2, 2025
„Голем број луѓе кои се молеле во синагогата во времето на инцидентот биле задржани внатре додека не се обезбеди областа, но сега се евакуирани“, се додава во полициското соопштение.
Нападот со автомобил и со нож се случи во близина на синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк на Мидлтон Роуд, за време на одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.
Полицијата објави дека во 9:31 часот утринава добила пријава од граѓанин кој пријавил дека автомобил удрил во минувачи и дека еден маж бил избоден со нож.
Манчестерската полиција го пофали брзиот одговор на граѓанинот кој го пријави нападот пред синагогата.
„Благодарни сме на граѓанинот чија брза реакција на она што го виде овозможи наша брза интервенција, со што се спречи сторителот да влезе во синагогата“, изјави портпаролот на полицијата.