Свет избегната катастрофа

ВИДЕО: До темел изгоре кошаркарската сала во француски Гравелин

Медиумите јавија дека повеќе од 60 пожарникари биле мобилизирани во гаснење на пожарот кој ја опустоши кошаркарската сала со капацитет од 3.000 седишта, која беше дел од спортски комплекс со базен, кафетерија и околни објекти.

ВИДЕО: До темел изгоре кошаркарската сала во француски Гравелин

Салата на францускиот кошаркарски прволигашки клуб Гравелин, во чиј редови во минатото настапуваше македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски, изгоре до темел на Божиќ во голем пожар, јавија вечерва француските медиуми.

-Повеќе ја нема кошаркарска сала, сè исчезна во чад. Четириесет години живот во салата Спортика исчезна во чад, изјави претседателот на клубот Гравелин, Кристијан Дево.

Медиумите јавија дека повеќе од 60 пожарникари биле мобилизирани во гаснење на пожарот кој ја опустоши кошаркарската сала со капацитет од 3.000 седишта, која беше дел од спортски комплекс со базен, кафетерија и околни објекти.

-Доколку бевме во време на голема посетеност во базенот или доколку имаше тренинг во салата, тоа ќе беше катастрофално, рече Дево.

Гравелин, кој во моментов е претпоследен на табелата во француското првенство, в четврток требаше да му биде домаќин на второпласираниот Париз, но натпреварот е откажан.

Теми на денот

To top