Ватикан сака да воспостави постојано претставништво во Кина со цел да ги подобри односите со Пекинг, соопшти денеска државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.
-Долго се надевавме дека ќе имаме стабилно присуство во Кина, рече кардиналот Паролин, додавајќи дека Ватикан може да разгледа и нови дипломатски формули за тоа.
Минатата година Ватикан доби дозвола да има локален папски претставник во Виетнам, исто така комунистичка земја со која нема дипломатски односи.
Паролин на 79. генерално собрание на Италијанската бискупска конференција во Ватикан, зборуваше за кинеската црква, која понуди ретка платформа за разговори на високо ниво меѓу двете страни, а еден од присутните беше бискупот од Шангај, Џозеф Шен Бин, кој беше назначен од кинеските власти без консултации со Ватикан, што беше прекршување на бискупскиот договор од 2018 година. Сепак, папата ретроактивно го одобри овој потег минатата година, предизвикувајќи критики од конзервативните католици.
Во видео пораката за денешната конференција, папата рече дека Католичката црква напредувала во Кина преку трпение и надминување на предизвиците. (МИА)