Свет дипломатија

Ванг: Кина е подготвена за продлабочување на соработката со Канада

– Кина е подготвена да ја зајакне комуникацијата со Канада, да промовира меѓусебната доверба, да ги елиминира пречките и да ја продлабочи соработката, посочи Ванг.

Ванг: Кина е подготвена за продлабочување на соработката со Канада

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, на средбата со канадската колешка Анита Ананд, истакна дека Пекинг е подготвен за продлабочување на соработката со Отава.

– Кина е подготвена да ја зајакне комуникацијата со Канада, да промовира меѓусебната доверба, да ги елиминира пречките и да ја продлабочи соработката, посочи Ванг.

Според него, тоа ќе придонесе за стабилни, значајни и одржливи билатерални односи.

Ананд е дел од делегацијата предводена од премиерот Марк Карни. Канадската делегација вчера пристигна во четиридневната посета на Кина. (МИА)

To top