Свет Вети континуирана поддршка

Вадефул од Киев: Путин не смее да профитира од ескалацијата на Блискиот Исток

Вадефул од Киев порача дека рускиот претседател Владимир Путин ја потценил истрајноста и одлучноста на Западот, предупредувајќи дека не смее да му се дозволи на рускиот лидер да профитира од актуелната ескалација на Блискиот Исток. Според него, доколку Путин заклучи дека агресорските војни се исплатат, тогаш ќе следуваат нови конфликти.

Вадефул од Киев: Путин не смее да профитира од ескалацијата на Блискиот Исток

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вети континуирана поддршка за Украина во борбата против руската инвазија, за време на посетата на Буча заедно со неговите колеги од ЕУ по повод четвртата годишнина од масакрот извршен од руските сили, пренесува ДПА.

Вадефул од Киев порача дека рускиот претседател Владимир Путин ја потценил истрајноста и одлучноста на Западот, предупредувајќи дека не смее да му се дозволи на рускиот лидер да профитира од актуелната ескалација на Блискиот Исток. Според него, доколку Путин заклучи дека агресорските војни се исплатат, тогаш ќе следуваат нови конфликти.

Германскиот министер, кој ја посети Буча заедно со шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, го опиша градот како симбол на нечовечност и бруталност, нарекувајќи ја руската окупација „пекол на земјата“. Тој нагласи дека воените злосторства се составен дел од рускиот начин на војување и дека Буча останува „отворена рана на душата на Европа“.

– Германија, како основач на Меѓународната комисија за отштета на Украина и поборник за формирање специјален трибунал, останува посветена на целта руските злосторства да не останат неказнети – истакна Вадефул, додавајќи дека Берлин нема да му ја направи услугата на Путин да престане со поддршката за Киев. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top