Свет Мисија на ОН

Ужасна статистика: Бројот на загинати цивили во Украина надмина 10.000

Москва негира дека намерно цели цивили.

Ужасна статистика: Бројот на загинати цивили во Украина надмина 10.000

Бројот на загинати цивили во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи над 10 илјади, соопшти канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.

Огромното мнозинство на смртни случаи, според ОН, се предизвикани од експлозивно оружје со влијание на широк простор, како што се гранати, проектили и касетна муниција.

Мисијата на ОН за човекови права, која има десетици набљудувачи во Украина очекува конечниот број на загинати да биде „значително поголем“. Работата за потврдување е во тек.

Москва негира дека намерно цели цивили.  (МИА)

To top