Свет Хорор

УЖАС во Германија: Тинејџер си ги убил родителите и братот

Во нападот тешко е повредена и неговата сестра.

УЖАС во Германија: Тинејџер си ги убил родителите и братот

Млад човек (19) е уапсен во вторникот вечерта во градот Валдшут, Германија, под сомнение дека ги убил родителите и братот.

Медиумите јавуваат дека тој во вторникот вечерта ги нападнал и избодел родителите (58, 61) и братот (34).

-Таткото, мајката и братот починале на лице место во стан во зграда во областа Валдшут, пишува Билд.

Во нападот тешко е повредена и неговата сестра. Таа со хеликоптер била пренесена во болница и за среќа нејзиниот живот не е во животна опасност.

Осомничениот е уапсен на лице место, а медиумите јавуваат дека по потекло е германско-италијанско.

Најнови вести од Свет

To top