Најмалку 13 лица се повредени при уривање на метална конструкција во форма на птица на божиќна манифестација во францускиот град Трувил во Нормандија, јавија денеска француските медиуми.
Стотици луѓе присуствуваа на вчерашната предбожиќна парада наречена „Небесна фантазија“ кога се случи несреќата, објави весникот Ouest France.
En #France, une structure métallique en forme d’oiseau est tombée hier soir sur le public lors d’une parade de Noël.
On déplore 13 blessés dont 2 hospitalisés en urgence absolue, selon les médias. pic.twitter.com/PehBj4wrw5
— Sputnik Afrique (@sputnik_afrique) December 1, 2024
Металната конструкција паднала врз присутните при што биле повредени 13 лица, од кои двајца потешко, додека останатите се здобиле со полесни повреди. На настанот присуствувале многу родители со своите деца.
Меѓу повредените има и двегодишно девојче и нејзината мајка.
На местото на настанот интервенираа бројни служби за итна помош, полиција и пожарникари. Во акцијата за спасување учествуваа 46 пожарникари од неколку околни градови.