Свет

Уште една држава си го смени знамети, еве за која станува збор

Американската сојзуна држава Минесота минатата недела официјално си го смени знамето и отсега старото знаме усвоено во 1957 година повеќе нема да се вее на ниту еден владин објект.

Уште една држава си го смени знамети, еве за која станува збор

Американската сојзуна држава Минесота минатата недела официјално си го смени знамето и отсега старото знаме усвоено во 1957 година повеќе нема да се вее на ниту еден владин објект.

Старото знаме го симна Националната гарда на Минесота и на негово место е подигнато новото. Старото знаме кое се вееше над локалниот Капитол ќе се чува во колекцијата на Историската заедница на Минесота.

Претходното знаме се стоеше од официјалниот грб на државата ставен на сина заднина. Стариот грб претставувше кружна илустрација на пејсажи на државата; на преден план илустрација на доселеник белец кој ора нива, покрај него пушка навалена на дебло, во заднина е насликан индијанец вооружен со копје качен на коњ.

Новото знаме сега е поминималистичко. Составено е од три бои, бела сина и темно-сина насликана Поларна звезда од левата страна и со опис L’Étoile du Nor (звезда на Северот), единствено мото на држава на САД на француски јазик.

Сменет е и грбот, што сега има илустрација на птица – црноклунеста гуска. Над неа напишана фразата Mni Sota Makoce со референца на називот „Минесота“ кој доаѓа од јазиот на индијанците Дакота. Оваа фраза се преведува како „земја каде водата го одразува небото“. Тоа е референца на многубројните водени богатства на териороријата на државата. Еден прекарите на Минестоа е „држава на десет илјади езера“.

Селекцијата ја вршеше специјална комисија за избор на новото знаме во текот на повеќе месеци. Во потесен избор беа разгледувани 2.128 варијанти.

To top