Свет еден процент од целото раселено население

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

Најмалку 17 илјади деца се одвоени од нивните семејства во Појасот Газа, според УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

-Најмалку 17.000 деца, што е околу еден процент од целото раселено население од 1,7 милиони, рече портпаролот на УНИЦЕФ за палестинските територии, Џонатан Крикс.

Говорејќи на видео-конференција од Ерусалим, тој изјави дека е исклучително тешко да се пронајдат децата, бидејќи понекогаш не можат да ги кажат ни нивните имиња кога доаѓаат во болници, кога се повредени или во опасност и во состојба на шок.

Децата кои остануваат без родители за време на конфликтот често се згрижени од други роднини, но моментално во Газа, каде што нема храна, вода и засолниште, дури и оние пошироки семејства тешко се грижат за своите деца, рече Крикс.

Според УНИЦЕФ, на речиси сите деца во Газа, кои наводно ги има повеќе од еден милион, им е потребна поддршка за зачувување на нивното ментално здравје, што е двојно повеќе отколку пред почетокот на војната, предизвикана од нападите на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

-Децата покажуваат симптоми на високо ниво на анксиозност, губење на апетит, не можат да спијат, имаат емоционални испади и паника секој пат кога ќе слушнат звуци на бомбардирање, рече портпаролот на УНИЦЕФ.

To top