Свет Унгарија

Унгарскиот премиер утре во Анкара на разговори со Ердоган

Дуран најави дека двете страни ќе ги разгледаат сите аспекти на продлабоченото стратешко партнерство и ќе разменат мислења за актуелни регионални и глобални прашања.

Унгарскиот премиер утре во Анкара на разговори со Ердоган

– Унгарскиот премиер Виктор Орбан и висока владина делегација утре ќе отпатуваат во посета на Турција, соопшти денеска директорот за комуникации на турската Влада, Бурханетин Дуран.

Посетата се реализира на покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а Орбан ќе учествува на седмото заседание на Високиот совет за стратешка соработка Турција–Унгарија, објави Дуран на турската социјална мрежа NSosyal.

Дуран најави дека двете страни ќе ги разгледаат сите аспекти на продлабоченото стратешко партнерство и ќе разменат мислења за актуелни регионални и глобални прашања.

Според него, се очекува да бидат потпишани повеќе договори со кои ќе се зајакне договорната рамка на билатералните односи.

Најнови вести од Свет

To top