Свет

Унгарија го претстави законот за „заштита на суверенитетот“

Унгарската Влада синоќа поднесе предлог-закон, според кој се планира криминилазација на странското финансирање на политичките партии и да воспостави надзорно тело за навладините организации.

Унгарија го претстави законот за „заштита на суверенитетот“

Унгарската Влада синоќа поднесе предлог-закон, според кој се планира криминилазација на странското финансирање на политичките партии и да воспостави надзорно тело за навладините организации.

Критичарите на премиерот Виктор Орбан предлог-законот за „заштита на суверенитетот“ го оценија како демонстрација на сила.

– Овој закон ја затвора вратата за секоја изборна измама и предвидува санкции до три години затвор за секој што користи странски средства во кампањата, објави на Фејсбук шеф на парламентарната група на владејачката партија Фидес, Мате Кочис.

Беше најавено и специјализирано тело кое ќе влезе во Уставот со задача „да ги идентификува и истражува организациите кои примаат пари од странство“ со цел „да се влијае врз изборот на гласачите“.

Предлог-законот е доставен пред локалните и изборите за Европскиот парламент во јуни 2024 година.

На националните консултации почнати минатата недела, Брисел и „различни организации“ беа обвинети дека „поделиле милијарди евра“ на опозицијата. Во Будимпешта се појавија постери на кои е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Александар Сорос, наследникот на американскиот милијардер Џорџ Сорос, „големиот непријател на Орбан“, поради неговата финансиска поддршка за либералните каузи во светот. „Да не танцуваме во нивниот ритам“, пишува на постерите.

Според неколку декласифицирани официјални извештаи непосредно по парламентарните избори во април 2022 година, опозициската коалиција добила повеќе од три милијарди форинти (околу осум милиони евра) за својата кампања од невладина организација во САД. Тие обвинувања беа отфрлени од опозицијата со тврдење дека средствата се од унгарската дијаспора. Во 2017 година, Орбан протурка закон поврзан со невладините организации кои добиваат странски средства, но мораше да го откаже на барање на ЕУ.

To top