Свет Беспилотни летала

Украина соопшти дека соборила 19 од вкупно 31 дрон лансирани од Русија во текот на ноќта

Руските окупатори испратија најголем дел од борбените беспилотни летала во областите на фронтот“, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека Русија користела и неколку проектили.

Украина соопшти дека соборила 19 од вкупно 31 дрон лансирани од Русија во текот на ноќта

Украина денеска соопшти дека соборила околу две третини од вкупно 31 борбено беспилотно летало лансирани од Русија во текот на ноќта, главно над областите на фронтот, но и против главниот град Киев изутрината.

„Уништени се 19 борбени беспилотни летала Шахед 136/131. Руските окупатори испратија најголем дел од борбените беспилотни летала во областите на фронтот“, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека Русија користела и неколку проектили.  (МИА)

To top