Крадци одзеле 30 милиони долари од приватен трезор во Лос Анџелес, извести синоќа тамошната полиција. Кражбата се случила вечерта на Велигден кај склад во месноста Сан Фернандо, каде што се чуваат пари од претпријатија од целата таа област во САД.
– Крадците успеале да упаднат во зградата каде што се наоѓал трезорот. Раководителите на објектот, масовната кражба ја откриле дури во понеделникот кога го отвориле трезорот, изјави командантот на Полицискиот оддел во Лос Анџелес, Елејн Моралес за „Лос Анџелес тајмс“.
Упадот е меѓу најголемите кражби на готовина во историјата на Лос Анџелес.