Свет престрелка

Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа

– Израелски и египетски војници денеска разменија оган во близина на граничниот премин Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.

Според првичните информации, во инцидентот загинал египетски војник, а меѓу израелските сили нема жртви.

Израелските одбранбени сили потврдија дека по „инцидентот“ воспоставиле контакт со Египет.

„Пред неколку часа имаше инцидент и пукање на границата со Египет. Инцидентот е под истрага, дијалогот е во тек со египетската страна“, соопшти ИДФ

To top