Свет

Турција го забрани уписот на деца во француските училишта за чиј статус се преговара

Турција го забрани уписот на деца во француските училишта за чиј статус се преговара

Турското Министерство за образование денеска забрани упис на деца во тамошните француски училишта и градинки.

Министерството посочува дека со Франција се преговара за „сеопфатен договор за соработка во образованието, вклучително и настава на турски јазик за турските ученици во Франција“, и повика на „продолжување на преговорите за да се заврши што е можно побрзо“.

Француската амбасада во Анкара соопшти дека по „неколкумесечни преговори“ во средината на јули наеднаш дошло до застој на преговорите со министерот за образование на Турција, Јусуф Текин, кој ја осуди „ароганцијата“ на Франција.

„Не сме како земјите што ги колонизиравте, ние сме суверена земја, затоа мора да постапите во согласност со нашите услови ако сакате да предавате овде“, рече тогаш Текин.

Турското Министерство во соопштението наведува дека „ниту едно дете нема да биде запишано во француските училишта додека не се склучи меѓународен договор кој го предвидува правниот статус на тие институции“.

Таа мерка важи ретроактивно од 1 јануари годинава, за учебната 2024-2025 година.

To top