Свет војна

Тројца загинати во израелски напад врз главниот град на Сирија

Бејрут, Либан, 2 октомври 2024 година (АФП) – Во израелски воздушен напад во средата во Дамаск загинаа три лица. Ова е втор напад за исто толку дена врз населбата во која се наоѓаат безбедносни штабови и амбасади.

Тројца загинати во израелски напад врз главниот град на Сирија

Во израелски воздушен напад во средата во Дамаск загинаа три лица. Ова е втор напад за исто толку дена врз населбата во која се наоѓаат безбедносни штабови и амбасади.

„Израелскиот воздушен напад беше насочен кон станбена зграда во населбата Мазех, стан каде што го посетувале лидерите на Хезболах и Иранската револуционерна гарда“, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија.

Убиени се најмалку три лица, од кои двајца странци, соопштија изворите.

Државната новинска агенција САНА цитира воен извор кој вели дека „израелскиот непријател извршилвоздушен напад… насочен кон една од станбените згради во населбата Мазех“.

Во претходниот напад загинале шест лица од кои тројца цивили, вклучително и телевизиски водител и тројца борци поддржани од Иран, од кои еден од Хезболах.

Израел изврши стотици напади во Сирија од избувнувањето на граѓанската војна во земјата во 2011 година, главно насочени кон позициите на армијата и борците поддржани од Иран, вклучително и оние на Хезболах.

Израелските власти ретко коментираат за поединечни напади, но постојано велат дека нема да дозволат главниот непријател Иран да го прошири своето присуство во Сирија.

To top