Свет

Tридневна жалост во Шпанија поради смртта на папата Франциск

Tридневна жалост во Шпанија поради смртта на папата Франциск

Шпанија прогласи тридневна жалост поради смртта на папата Франциск, објави ЕФЕ.

Министерот за правда и парламентарни односи, Феликс Болањос, кој е одговорен и за односите на владата со црквата, прогласи тридневна жалост и изрази тага и сочувство на извршната власт во институционалната декларација во палатата „Монклоа“ поради смртта на папата.

„Жалиме за смртта на еден добар човек и голем папа“, нагласи министерот.

Тој додаде дека папата го посветил својот живот на слабите, на оние кои немаат ништо, на оние на кои сè им треба, а се карактеризира со неговата борба против нееднаквоста, неправдата, неговата борба против климатските промени и грижата за сите оние кои се на маргините.

Според него, Франциск и дал обновувачки и реформски импулс на Католичката црква, што ќе остави наследство за историјата.

To top