Претседателот на САД, Доналд Трамп на денешната прес-конференција изјави дека американските сили погодиле три објекти за производство на ракети и дронови во Иран.
– Војната продолжува со цела сила, истакна Трамп, додавајќи оти од почетокот се уништени повеќе од 700 цели, во најголем број индустриски и воени објекти.
Трамп посочи и дека во Ормуски Теснец уништени се 30 бродови поставувачи на мини, додавајќи оти не е сигурен дали тие ги пуштиле мините во море.