Свет САД

Трамп ветува дека ќе ги „раздели“ Русија и Кина ако победи на изборите

-Јас го уништив „Северен тек 2“. Тие сакаат да кажат дека сум пријател на Русија, дека сум работел за Русија, дека сум руски шпион. Тие луѓе се болни. Најважната цел на Русија беше изградбата на „Северен тек 2“. Никој не можеше тоа да го направи, освен јас. Јас ја запрев изградбата, изјави Трамп.

Трамп ветува дека ќе ги „раздели“ Русија и Кина ако победи на изборите

Новинарот Такер Карлсон направи интервју во живо со републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, неколку дена пред изборите.

Трамп вети дека ќе ги „раздели“ Русија и Кина ако победи на претстојните избори. Тој наведе и дека САД е „држава на будали“ водена од „глупави луѓе“.

Бајден ги обедини (Русија и Кина). Тоа е срамота. Ќе морам да ги разделам. Мислам дека можам да го направам тоа,  изјави Трамп во интервјуто со Карлсон.

Трамп, исто така, одговори на критиките дека е „пријател на Русија“, нарекувајќи ги оние што го тврдат тоа „болни“, и нагласи дека тој е тој што ја запрел изградбата на гасоводот „Северен тек 2“.

-Јас го уништив „Северен тек 2“. Тие сакаат да кажат дека сум пријател на Русија, дека сум работел за Русија, дека сум руски шпион. Тие луѓе се болни. Најважната цел на Русија беше изградбата на „Северен тек 2“. Никој не можеше тоа да го направи, освен јас. Јас ја запрев изградбата, изјави Трамп.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин во интервју со Карлсон тврдеше дека диверзиите на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“ ги извеле американските разузнавачки служби.

Трамп, исто така, го коментираше својот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон, нарекувајќи го „глупав“.

-Џон Болтон беше вистински наркоман. Беше толку глупав. Сакаше да оди во војна за што било. Беше одличен за мене некое време затоа што беше лудак. Можев да видам како неговото лице станува црвено, со тие глупави бели мустаќи, рече Трамп.

Тој исто така додава дека „го зел тој морон со себе“ кога отишол да го види севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и дека никогаш ништо не рекол.
Но, кога го виде Ким Џонг Ун, помисли: О сра*е, мислам дека овој човек сака да оди во војна. Беше одличен за преговори – истакна тој.

-Истото е и со Русија. Кога Путин го виде тој глупак, помисли: Сра*е, овој човек сака да војува со мене – и јас добив многу од она што го сакав, рече Трамп.

Инаку Такер го поддржува Трамп и активно учествува во неговата кампања. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top