Свет

Трамп: Уште една прекрасна армада во моментов плови кон Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран.

Трамп: Уште една прекрасна армада во моментов плови кон Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран.

-Патем, има уште една прекрасна армада која во моментов прекрасно плови кон Иран. Па, ќе видиме, рече Трамп вчера во говор во американската држава Ајова.

Не беше веднаш јасно дали Трамп мислеше на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и придружните воени бродови кои веќе пристигнаа на Блискиот Исток во понеделникот или на други американски воени сили.

Во меѓувреме, одговорната регионална команда на американската војска, ЦЕНТКОМ, објави повеќедневна вежба на воздухопловните сили на Блискиот Исток.

Трамп неодамна одби да ја исклучи воената интервенција на САД во Иран по насилното задушување на протестите кое, според групите за човекови права и сведоците, резултираше со илјадници смртни случаи.

Во однос на раководството во Техеран, Трамп во Ајова изјави: „Се надевам дека ќе постигнат договор“.

Тој претходно за американскиот портал „Аксиос“ изјави дека Иран е заинтересиран за дипломатско решение на тензиите со САД. Ситуацијата со Иран е „променлива“ бидејќи САД испратија голема флота во регионот, изјави Трамп во интервју за „Аксиос“.

To top