Свет Глобални увозни царини

Трамп: САД ќе излезат посилни од сегашната ситуација

-Прогнозата е дека пациентот ќе биде многу посилен, поголем, подобар и поиздржлив од кога било досега. Да ја направиме Америка повторно голема!, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social. 

Трамп: САД ќе излезат посилни од сегашната ситуација

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека земјата ќе излезе „посилна“ од сегашната ситуација, која настана по објавувањето на сеопфатни глобални увозни царини и се карактеризира со остар пад на глобалните берзи и доларот.

-Операцијата заврши! Пациентот преживеа и закрепнува. Прогнозата е дека пациентот ќе биде многу посилен, поголем, подобар и поиздржлив од кога било досега. Да ја направиме Америка повторно голема!, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social.

To top