Свет Велика Британија

Трамп пристигна во Виндзор

Трамп и првата дама Меланија беа пречекани од принцот и принцезата од Велс, а потоа и од британскиот крал Чарлс и кралицата Камила

Трамп пристигна во Виндзор

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска пристигна во Виндзор, на почетокот на државната посета на Велика Британија.

Трамп и првата дама Меланија беа пречекани од принцот и принцезата од Велс, а потоа и од британскиот крал Чарлс и кралицата Камила.

Трамп и неговата сопруга синоќа допатуваа во Велика Британија, а утрово со хеликоптер пристигнаа во Виндзор.

Тоа е втора посета на Трамп на Велика Британија, првата беше за време на неговиот прв мандат. Посетата се одвива зад затворени врати без интеракција со јавноста.

Најнови вести од Свет

To top