Свет

Трамп пристигна на Самитот на Г7 во Канада

Ова е прва Г7 средба на која Трамп учествува по враќањето на функцијата, и таа се одржува во услови на тензии поради трговските политики на САД и последните изјави на Трамп поврзани со Канада.

Трамп пристигна на Самитот на Г7 во Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна синоќа во Канада на Самитот на Групата на седумте најразвиени држави (Г-7), што се одржува во одморалиштето Кананаскис, западно од Калгари, во покраината Алберта.

Ова е прва Г7 средба на која Трамп учествува по враќањето на функцијата, и таа се одржува во услови на тензии поради трговските политики на САД и последните изјави на Трамп поврзани со Канада.

Самитот ќе трае два дена, а се очекува доминантна тема да биде можноста за заедничка позиција меѓу САД и другите членки на групата, и покрај значителните разлики.

Новото лице на канадската политика, премиерот Марк Карни, кој е домаќин на настанот, дојде на власт во март, победувајќи со силна анти-Трамп реторика. По изборната победа на неговата Либерална партија, тој јасно изјави дека Канада нема да толерира американска агресивна политика.

Во претходните месеци, Трамп наметна царини за канадски производи и во неколку наврати предложи Канада да стане дел од САД, предизвикувајќи сериозен гнев кај канадската јавност. Карни за време на посетата на Вашингтон во мај рече дека „Канада е суверена и не е на продажба“. Трамп му одговори со: „Никогаш не кажувај никогаш“.

Според програмата, Трамп и Карни ќе имаат билатерална средба денеска, пред почетокот на официјалните разговори со другите лидери на Г-7.

To top