Свет

Трамп предлага три дебати со Харис во септември

Трамп предлага три дебати со Харис во септември

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп нуди три дебати во септември со демократската кандидатка Камала Харис, објавија светските агенции.

На прес-конференција во неговиот имот Мар а Лаго на Флорида, Трамп рече дека тимот на Харис сега треба да се согласи со понудата.

Трамп нуди дебати на 4, 10 и 25 септември во три различни американски медиуми.

-Се договоривме со телевизијата Фокс за дебата на 4 септември, се договоривме со телевизијата Ен-Би-Си за дебата на 10 септември, а со телевизијата Еј-Би-Си се договоривме за дебата на 25 септември, објасни тој.

Трамп додаде дека Си-Би-Ес ќе биде домаќин на дебатите меѓу кандидатите за потпретседател.

To top