Поранешниот американски претседател Доналд Трамп даде едно од своите први интервјуа по атентатот.
Тој изјави за Washington Examiner дека целосно ќе го преработи својот говор на конвенцијата за да се фокусира на пораката за „единство“ наместо да го критикува Џо Бајден.
-Говорот што имав намера да го одржам во четврток би бил многу впечатлив. Да не се случеше ова, ќе беше неверојатно добар говор“, рече Трамп, додавајќи дека тој првенствено е насочен кон политиката на претседателот Бајден. „Искрено, сега ќе биде сосема поинаков говор. Ова е можност да ја обединиме нашата земја. Ми беше дадена таа можност“, додаде тој, пренесува BBC.
Трамп откри дека животот му го спасил тоа што се свртел за да гледа клип од видео пуштено на предизборен митинг.
-Речиси никогаш не го тргам погледот од публиката. А да не го направев тоа во тој момент, којзнае дали сега ќе бев овде?“, изјави поранешниот американски претседател.