Свет Сад

Трамп: Не сум расист, освоив повеќе гласови од Црнците од кој било републиканец

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги пофали Црнците во неговата администрација, ги отфрли обвинувањата за расизам и вети нов век на успех за Афроамериканците на 100-годишнината од Месецот на историјата на Црнците во Белата куќа.

Неговите коментари им противречат на критичарите што го обвинија за отфрлање на политиките за различност, еднаквост и инклузија и следуваа кратко откако на профилот на претседателот на социјалните мрежи беше објавено видео на кое поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел се прикажани како мајмуни.

Трамп беше домаќин на стотина гости и кажа избрани зборови за познати црни Американци. Тој ги покани Црнците функционери во неговата влада на сцената, вклучувајќи го и министерот за домување Скот Тарнер, кого го нарече извонреден, како и министерот во првата администрација на Трамп, д-р Бен Карсон, за кого рече дека набргу ќе го добие престижниот Претседателски медал за слобода.

Изјавите на Трамп за реформата на казнената политика и построгата контрола на миграцијата предизвикаа голем аплауз од публиката.

„Не ме изненадува што освоивме повеќе гласови од Црнците во 2024 година од кој било републикански претседателски кандидат во историјата“, посочи Трамп.

Извор МИА

Најнови вести од Свет

To top