Свет САД

Трамп нареди целосна блокада на санкционираните танкери за нафта на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека наредил „тотална и целосна блокада“ на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат или излегуваат од Венецуела.

Трамп нареди целосна блокада на санкционираните танкери за нафта на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека наредил „тотална и целосна блокада“ на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат или излегуваат од Венецуела.

– Венецуела е целосно опколена со најголемата армада некогаш собрана во историјата на Јужна Америка. Таа само ќе станува поголема, а шокот што ги очекува е како ништо што досега не го доживеале – сè додека не ги вратат во Соединетите Држави сите нафтени богатства, земјиште и други средства што претходно ни ги украдоа, се вели во објавата.

– Нелегитимниот режим на Мадуро ја користи нафтата од овие украдени нафтени полиња за да се финансира себеси, наркотероризмот, трговијата со луѓе, убиствата и киднапирањата. Поради кражба на нашите средства и многу други причини, вклучувајќи тероризам, трговија со дрога и трговија со луѓе, венецуелскиот режим е означен како странска терористичка организација, напиша Трамп.

– Затоа, денес наредувам целосна и комплетна блокада на сите санкционирани нафтени танкери влегуваат во венецуела и излегуваат од неа. Нелегалните имигранти и криминалци испратени во САД од режимот на Мадуро за време на слабата и некомпетентна администрација на Бајден брзо се враќаат назад во Венецуела. Америка нема да дозволи криминалци, терористи или други земји да нè ограбуваат, закануваат или да ни нанесуваат штета, ниту пак ќе дозволи непријателски режим да ја зема нашата нафта, земјата или кој било друг имот – сето тоа мора да се врати во Соединетите Американски Држави, веднаш, се вели во објавата на Трамп.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Објавата на Трамп следува една недела откако САД запленија нафтен танкер во близина на брегот на Венецуела. Владата во Каракас ја нарече најавата на Трамп „гротескна закана“. Ден пред најавата за блокада, Белата куќа ја потврди заплената на танкерот „Skipper“, наведувајќи дека бил вклучен во „незаконска испорака на нафта“ и дека ќе биде однесен во американско пристаниште.

Венецуелскиот претседател Мадуро остро го осуди овој чин, изјавувајќи дека САД го „киднапирале екипажот“ и го „украле“ бродот. Венецуела, земја со едни од најголемите докажани резерви на нафта во светот, веќе долго време го обвинува Вашингтон дека се обидува да ги присвои нејзините ресурси.

Говорејќи на настан синоќа пред објавата на Трамп, Мадуро рече дека „империјализмот и фашистичката десница сакаат да ја колонизираат Венецуела за да го преземат нејзиното богатство на нафта, гас, злато и минерали“.

– Се заколнавме дека апсолутно ќе ја браниме нашата татковина, во Венецуела ќе триумфира мирот, рече Мадуро синоќа.

To top