„Разочаран сум од Путин. Ќе го скратам рокот од 50 дена за постигнување договор за Украина. Ќе му дадам помалку“, рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска, објави Ројтерс.
Агенцијата соопшти дека Трамп не кажал кој ќе биде новиот рок.
На 14 јули, за време на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, американскиот претседател рече дека САД ќе воведат 100 проценти царини за Русија доколку не се постигне прекин на огнот во војната во Украина во рок од 50 дена.
„Ќе воведеме многу силни царини доколку не постигнеме договор во рок од 50 дена. Царините од околу 100 проценти би се нарекле секундарни царини“, рече Трамп, посочувајќи дека царините ќе бидат воведени без согласност на Претставничкиот дом или Сенатот на САД.
Секундарните тарифи имплицираат дека санкциите би важеле и за други земји, имено за земјите што купуваат руска нафта.