Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска соопшти дека ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун „во одреден момент“, без да наведе други детали.
– Имам многу добар однос со Ким Џонг Ун, рече американскиот претседател.
Трамп ја даде изјавата непосредно пред да го пречека својот јужнокорејски колега, Ли Џе-мјунг, во Белата куќа.
На тој состанок, меѓу другото, ќе се разговара и за стратегијата во врска со Северна Кореја.
Северна и Јужна Кореја се одвоени држави од завршувањето на Корејската војна во 1955 година и имаат многу милитаризирана меѓусебна граница.
Северна Кореја е комунистичка диктатура, додека Јужна Кореја е сојузник на САД и една од технолошки најразвиените земји во светот.