Свет САД

Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат

-Мораме да го решиме овој проблем. Затоа мислам дека нешто ќе се случи таму, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти „нешто ќе се случи“ во војната меѓу Русија и Украина, по што ситуацијата ќе се „среди“.

Изјавата ја даде во контекст на неодамнешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, без да открие детали.

-Работиме на тоа. Претседателот Путин ми се јави и рече: Ќе ми биде драго да ти помогнам со Иран’ Јас му реков: Направи ми услуга: јас ќе се справам со Иран, а ти помогни ми со Русија. Мораме да го решиме овој проблем’. Затоа мислам дека нешто ќе се случи таму, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top