Претседателот на САД, Доналд Трамп, треба да се обрати до нацијата вечерва, заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет и министерот за морнарица Џон Фелан, соопшти Белата куќа.
Обраќањето ќе се одржи од резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида, но сè уште не е објавено што точно планира да каже претседателот, иако постојат шпекулации дека темата за растечките тензии со Венецуела
Објавата доаѓа откако крајбрежната стража на САД заплени нов танкер што превезуваше нафта погодена од санкции покрај брегот на Венецуела во текот на викендот и соопшти дека „активно гони“ трет брод.
„Соединетите Американски Држави ќе продолжат да го попречуваат нелегалниот транспорт на нафта погодена од санкции, која се користи за финансирање на наркотероризмот во регионот“, изјави министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во објава на социјалните мрежи по запленувањето на вториот танкер, што следеше по претходното пресретнување на 10 декември. „Ќе ве најдеме и ќе ве запреме“, додаде таа.
Неименуван американски функционер изјави дека третиот брод моментално е во бегство.
„Крајбрежната стража на САД активно гони санкциониран брод од „темната флота“,што е дел од нелегалното избегнување на санкциите од страна на Венецуела. Тој вее лажно знаме и е предмет на налог за заплена“, рече изворот.
Овие потези означуваат заострување на политиката на Трамп кон Венецуела и нејзиниот претседател, Николас Мадуро, откако Трамп најави „блокада“ на сите танкери под санкции што влегуваат или излегуваат од венецуелските пристаништа.
Администрацијата, исто така, изврши серија смртоносни ракетни напади оваа есен врз бродови за кои вели дека се поврзани со трговија со дрога во Карипското Море и источниот Пацифик, при што загинаа повеќе од 100 луѓе, според САД.
Режимот на Мадуро дека американските потези се подготовка за интервенција и инвазија на Венецуела, се поради нафтените богатства со кои изобилува земјата. (МИА)