Американскиот претседател Доналд Трамп зборува за Фокс Њуз каде на прашањето дали ќе ја поддржи лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, која моментално е во Норвешка, да ја преземе Венецуела, рече „ќе мора веднаш да го разгледаме тоа“.
– Тие (Венецуела) имаат потпретседател, како што знаете. Не знам какви избори беа тоа, но, знаете, изборот на Мадуро беше срам, рече Трамп.
Апсењето на Мадуро „испраќа сигнал дека повеќе нема да бидеме, повеќе нема да бидеме туркани наоколу“, изјави Трамп.
Тој нагласи дека САД губат стотици илјади луѓе годишно поради дрога и додаде дека САД „нема повеќе да го дозволат тоа“.
За операцијата во Венецуела Трамп рече дека тоа било планирано да се направи пред четири дена, „но времето не беше совршено“.
– Времето мора да биде совршено … одеднаш се отвори и рековме одиме, рече тој.
Трамп додаде дека Мадуро, кога бил заробен, бил „во куќа што повеќе личела на тврдина отколку на куќа“ со „цврст челик околу себе“. (МИА)