Свет

Трамп им се обрати на Американците напаѓајќи ја претходната власт

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во живо им се обрати на Американците, а во своето 20-минутно излагање најмногу ја нападна поранешната власт и неговиот претходник Џо Бајден.

По набројувањето на сите достигнувања на неговата администрација и лично негови, тој почна со обвинувања на сметка на претходната влада предводена од Џо Бајден.

– Во јануари го наследив нередот на Бајден, кој константно се обидувам да го поправам, изјави Трамп, кој ги уверуваше Американците дека состојбата во земјата е добра.

– Ги уверувам сите Американци дека ефектите од нашето големо законодавно достигнување, а тоа е намалувањето на даноците, ќе почнат да се чувствуваат следната година, рече Трамп, кој моментално е поддржан од нешто повеќе од 40 отсто од Американците, додека речиси 55 отсто директно му се противат.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Пред крајот на излагањето, Трамп со пофални зборови зборуваше за големиот спортски настан следната година во земјата – Светското првенство во фудбал, како и за големата прослава во чест на 250-годишнината од Соединетите Американски Држави.

To top