Свет потпишување

Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро

Договорот за ретки минерали со Киев ќе биде потпишан наскоро, а напорите на САД за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина одат „прилично добро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по неговите разговори оваа недела со украинскиот и рускиот лидер.

Трамп го даде коментарот на настан во Белата куќа откако потпиша извршна наредба за зголемување на добивањето ретки минерали.

„Потпишуваме и договори низ светот за добивање ретки минерали и многу други работи“, додаде американскиот претседател.

„Во однос на Украина, се справуваме многу добро во однос на преговорите со Киев и Москва. А, една од работите што ќе ја направиме многу наскоро е да потпишеме договор за ретките минерали во Украина“, рече Трамп.

„Би сакале сето ова да заврши и сметам дека работите се одвиваат прилично добро“, рече Трамп, имајќи ги предвид преговорите со неговите украински и руски колеги, Володимир Зеленски и Владимир Путин, за ставање крај на војната во Украина.

“Значи, ние спасуваме илјадници животи неделно, на наша голема радост. Тоа е смислата на целата работа. Тие умираат залудно, а ние мислиме дека ќе постигнеме нешто. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека ќе го завршиме тоа”, додаде Трамп.

Украина и САД овој месец објавија дека се договориле што е можно поскоро да го финализираат сеопфатниот договор за ретките минерали со Киев, што Трамп го гледа како средство за компензирање на трошоците за американската помош за Украина.

Најнови вести од Свет

To top