Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.
– Па, г-дине избран претседател, поранешен претседател, Доналд – рече Бајден додека Трамп седеше до него пред камин во Овалната канцеларија. „Честитки“, додаде тој,
Бајден му рече „добредојде назад“ на Трамп, по што двајцата се ракуваа.
Трамп одговори: „Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа“.
Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати.
Последен пат кога Трамп беше во Овалната канцеларија, напиша двостранично писмо за Бајден и го остави во фиока во работното биро.