Џо Бајден „не бил способен да се кандидира“ и „сигурно не е способен да служи“ како претседател, изјави денеска републиканскиот ривал Доналд Трамп, откако американскиот лидер изјави дека се откажува од трката за Белата куќа.
-Подгрбавениот Џо Бајден не беше способен да се кандидира за претседател, и секако не е способен да служи – и никогаш не бил!… Ќе страдаме многу поради неговото претседателствување, но ќе ја поправиме штетата што ја направи, многу брзо. Да ја направиме Америка повторно голема!, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ веднаш по објавата на Бајден.