Свет САД

Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ние ќе ги разоружаме

-Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружат, ние ќе ги разоружаме. Знаат дека не си играм, истакна Трамп, додавајќи оти „тоа брзо ќе се случи и можеби насилно“. 

Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ние ќе ги разоружаме

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамас „ќе се разоружа, бидејќи рече дека ќе се разоружа“.

-А, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме, наведе Трамп.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање како тоа би се реализирало тоа, наведе:

-Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружат, ние ќе ги разоружаме. Знаат дека не си играм, истакна Трамп, додавајќи оти „тоа брзо ќе се случи и можеби насилно“. (МИА)

To top